Насловна / Вести / Општина Кисела Вода го реконструира подот во училишната спортска сала во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“

Општина Кисела Вода го реконструира подот во училишната спортска сала во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“

Започна реконструкцијата на подот на училишната спортска сала во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“. Градоначалникот на Општина Кисела Вода денес изврши увид во градежните активности кои на учениците од овој дел на градот ќе им овозможи подобрување на условите за часовите по физичко воспитување. Ќе се изврши поставување на бетонска плоча, а дотраениот под ќе биде заменет со целосно нов. Се работи за градежни зафати на површина од 440 квадратни метри, за кои Општина Кисела Вода од својот буџет издвои околу два милиони денари.

IMG_3278

Инаку во изминатиов четиригодишен период, во овој училишен објект беа инвестирани околу 1, 9 милиони денари. Беше реализиран проект за замена на постоечката столарија на дел од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, со што се  заокружи комлетната замена на столарија, односно беа заменети сите прозорци во училиштето. Беа реконструирани и дел од тоалетите во училишниот објект. Со финализирањето на проектот на обнова на подот на спортската сала, подобри услови во новата учебна година ќе добијат околу 900 ученици кои ја следат наставата во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top