Насловна / Вести / Општина Центар ја заврши реконструкцијата на три улици во Буњаковец

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на три улици во Буњаковец

Градоначалникот Андреј Жерновски и општинските служби го исполнија ветувањето на жителите дека триесет години старите улици  „Апостол Гусларот“, „Борка Талески“ и „Стеван Јакимов Дедов“ конечно ќе добијат нов лик.

Деновиве интензивно се работеше и ударните дупки  кои создаваа големи проблеми на возилата во сообраќајот, но и на пешаците и нивната безбедност сега се минато, и движењето се одвива нормално по реконструиран коловоз.

Реконструкција (5)

Вкупната должина на која ќе се рехабилитираше  коловозот со гребење и поставување на нов асфалт е на 2500 м2.

Реконструкција (6)

Ова се три значајни улици,  и со ова oпштина Центар ги довршi отпочнатите активности за обновување и санација на улиците и просторот во населба Буњаковец, во делот околу основното училиште  „Ј.Х. Песталоци“.Реконструкција (4) Реконструкција (3) Реконструкција (1) Реконструкција (2)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top