Насловна / Вести / Општина Центар ја реконструира улица „Загребска“

Општина Центар ја реконструира улица „Загребска“

Жителите на Мало Курило, делот на Водно, со години се жалеа на катастрофалната состојба на улица „Загребска“. Ударните дупки, кои беа опасност и за пешаците и за возилата, се создаваа од водата која се слеваше од Водно. На проблемите со пристапот се жалеа и од детската клиника за белодробни заболувања.Ulica Zagrebska (1)

Општина Центар прво ги исчисти каналите за одводнување, кои се наоѓаат покрај самата улица и отстранети се 40 камиони смет. Надлежните го изгребаа стариот и оштетен асфалт и на негово место се става нов. Санацијата на улицата „Загребска“ е во должина од 350 метри, на потегот од црквата Св. Јован до влезот на Мало Курило.Ulica Zagrebska (2)

Граѓаните од Мало Курило, но и скопјани кои минуваат по овој дел на Центар се задоволни дека конечно се решава овој огромен проблем.Ulica Zagrebska (3)

Ова е втора од единаесетте улици кои ќе се реконструираат на Водно, а се дел од акцијата „Нова пролет, нова офанзива!“ на општина Центар.

Следни улици на овој дел од Центар,планирани за реконструкција, се „Христо Чернопеев“ и „Партениј Зографски“.Ulica Zagrebska (4) Ulica Zagrebska (5)

Испрати коментар

Scroll To Top