Насловна / Вести / Општина Центар: БЕГ да ја врати во првобитна состојба „Народен фронт“, следуваат казни

Општина Центар: БЕГ да ја врати во првобитна состојба „Народен фронт“, следуваат казни

БЕГ (Балкан Енерџи Груп), која врши менување на топлотните цевки долж улицата „Народен фронт“, не го почитува Законот за градење и Правилникот за прекопи донесен од општина Центар, велат од општината.

Жителите на околните згради на улицата „Народен фронт“ но и други минувачи се пожалија до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на катастрофалната состојба во која се наоѓа улицата.opstina-centar

„Изведувачот само ја истампонирал улицата и ставил асфалт и затоа, досега направениот дел е пропаднат. Надлежниот градежен инспектор на општина Центар донесе решение согласно законот и правилникот, БЕГ улицата да ја врати во првобитна состојба. Доколку не се постапи по ова решение, следуваат казни согласно Законот за градење, 9.000 евра во денарска противредност за правното лице и глоба од 30 отсто од одмерената казна за правното лице да му се изрече на одговорното лице“, соопшти општина Центар.

Еден коментар

  1. анонимен

    Каква е таа глоба од 9.000 евра за направена штета од стотици илјади евра?

Испрати коментар

Scroll To Top