Насловна / Арт и дизајн / Окулус – новиот симбол на Њујорк

Окулус – новиот симбол на Њујорк

Британското фотографско студио Hufton + Crow, коешто се занимава со фотографирање на архитектура, неодамна претстави фотографии од фантастичната и надземна конструкција „Окулус“. Така, њујорчаните и големиот број туристи конечно можат да видат како изгледа подземната транспортна станица кај Светскиот трговски центар во Њујорк, која оригинално е позната како The World Trade Center Transportation Hub.окулус калатрава (7)

Транспортната станица е сложен комплекс кој го спроведоа градските власти на Њујорк и Њу Џерси со цел замена на старата станица. Цената на ова архитектонско чудо изнесува околу четири милијарди долари.окулус калатрава (17) окулус калатрава (16)

Новиот Хаб или терминал е дизајниран од познатиот шпански архитект Сантијаго Калатрава. Терминалот за возови се наоѓа веднаш до Меморијалниот центар, близу остатоците од некогашните „Кули близначки“.окулус калатрава (8)

Освен возовите, оваа станица има повеќекратна намена, а тоа е да биде и еден вид централа за сите останати превозни средства од типот на метро, возови или превоз до пристанишниот дел.окулус калатрава (9)

„Калатрасаурус“

Иако проектот го следеле бројни контроверзии, првенствено заради пробивање на буџетот и безбедносните слабости, по отворањето на „Окулус“, кој злобниците го нарекуваат „Калатрасаурус“ и „кич диносаурус“, се чини дека работите слегнале на свое место. Впечатоците за објектот се извонредни и ги остава минувачите без здив, особено холот со височина од 25 метри во облик на ребра, низ кој ќе се движат милиони патници годишно.окулус калатрава (10)

Транзитниот центар е трет по големина во Њујорк. Во транзитниот центар се вкрстуваат 13 линии на подземна железница и возови кои одат кон Њу Џерси. Тука, исто така, е сместена комплексна мрежа од интегрирани тунели кои ја поврзуваат станицата со останатите делови од долниот дел на Менхетен, па со самото тоа претставува и најкомплексна подземна мрежа во Њујорк.окулус калатрава (12)

Додека се градел комплексот, биле користени најновите BIM (Building Informational Model) софтвери кои ја зголемуваат прецизноста и го намалуваат времето потребно за градење.

„Околус“

Надземната и дизајнерска структура „Окулус“ која претставува транспортен јазол и влез на новата транспортна станица, изградена е во сеќавање на жртвите на терористичкиот напад на 11 септември, и сите се, без исклучок, воодушевени од нејзиниот уникатен изглед.окулус калатрава (14)

Таа претставува голема ребреста структура во бела боја, која е невозможно а да не се забележи кога се движите во овој дел од Менхетен.

Иако е еднакво убава и од внатре и од надвор, надворешната конструкција е многу повеќе од необична. На прв поглед, се воочува мноштвото ребрести шипки насочени кон небото, а кои заедно творат облик сличен на асиметрични крилја на птица, односно, надворешниот дел на станицата наликува на огромна бела птица со раширени крилја од челик и метал.окулус калатрава (13)

Градбата како и целиот проект се дело на познатиот шпански архитект Сантјаго Калатрава, а од првиот ден не престанува да ги воодушевува минувачите. Во исто време, конструкцијата со подвижни елементи дозволува големо количество природна светлина кое допира до железничката станица, но и до шопинг центарот со над 100 продавници и ресторани внатре во објектот.окулус калатрава (15)

Калатрава објаснува дека оваа комплицирана градба може да се поистовети со мотиви од многу култури, како што се византиската, египетската или еврејската, но дека не се воделе од нив кога работеле на нацртите.

Основната идеја била да се направи објект кој ќе изгледа сосема поинаку и помалку разиграно, па Калатрава го опишува изгледот на градбата како птица во лет пуштена од детски раце.

 

Еден коментар

  1. Osven sto i samiot New Jork e poseben i ova delo e uste poveke,bravo za arhitektot i graditelite

Испрати коментар до Kostadinka Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top