Насловна / Архитектура / Одмор во средновековен амбиент

Одмор во средновековен амбиент

Obnova na stari kukji vo Italija
Во некои села во Италија се реновираат старите куќи и се адаптираат во хотели и ресторани. На овој начин се промовира еден нов туристички концепт. Гостинот е активен учесник во селското секојдневие.

Оваа приказна почнува во 1987 година кога италијанската модна дизајнерка Алберта Ферети, сопственичка на еден замок во селото Монтегридолфо, заедно со општината инвестираше околу 13 милиони евра во замокот-палата од 13 век, кој стана хотел со 4 ѕвезди, што селото го спаси од пропаѓање. Во подрумот има ресторан, а поранешната оранжерија е сала за појадок. Базенот е во дворот. Модерен комфор со средновековен шарм е омилен првенствено кај странските туристи.

Низ целата земја има 83 вакви проекти. Пример за такoв објект е „Казе Антихе“, или „Античка куќа“ каде една ноќ чини 350 евра.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top