Насловна / Архитектура / Одмор на јапонски начин

Одмор на јапонски начин

Добро е познато дека Јапонците се повеќе го почитуваат минималистичкиот начин на живот во сите аспекти, почнувајќи од малиот круг на пријатели, па до мебел за дома кој го подразбира само најпотребното.јапонија_4

Оваа филозофија претставува бунт против конзумеризмот како начин на живеење и е ориентирана кон една сосема поинаква животна вредност. Од ваквиот принцип се водела и компанијата MUJI, позната по своите минималистички дизајнерски додатоци за дома. Но, сега тие одлучиле да одат чекор понатаму и да претстават едноставна куќа за одмор која може да послужи и како вистински дом. Градбата има само девет квадратни метри, таванот е висок два метри, а се состои од еден кревет, тепих, ламба, мала маса и шпорет.јапонија_2

Оваа куќа може лесно да се монтира каде било, а поради својата едноставност лесно ќе се вклопи во секој предел. Дизајнерите ја направиле на начин што во неа може да се сместат до четири лица за дневни варијанти, а можат да спијат едно до две лица. MUJI Hut наскоро ќе биде достапнa за продажба и ќе чини околу 27.000 долари.јапонија_3 јапонија_1

Испрати коментар

Scroll To Top