Насловна / Вести / Одлика на модерното инженерство, прогресот и иновацијата

Одлика на модерното инженерство, прогресот и иновацијата

Мултинационалната компанија ThyssenKrupp ја отвори кулата за тестирање на лифтови во Ротвајл, Германија. Моментално ова е највисоката кула од ваков тип во светот со висина од 246 метри, уникатен истражувачки центар и интересна атракција за жителите и туристите. Објектот е долгорочна инвестиција на ThyssenKrupp, најголемиот иновативен центар за лифтови во Германија, како и во Европа.Luftbild_ersten_Meter_der_Membran

Инженерите тестираат високобрзински и безжични лифтови во новата спектакуларна зграда. Во 246-метарската кула сместени се 12 различни лифтовски окна, каде ќе се тестираат и потврдат иновативни решенија за развивање на лифтови за сѐ повисоките облакодери кои се градат низ светот, со услови за тестирање кои не се достапни на ниедно друго место.

Во окната се тестираат решенија за лифтови на иднината со максимална брзина од 64,8 км/ч. Три окна се резервирани за MULTI системот (безжичен систем кој отстапува од стандардните шеми на лифтот и нуди неколку кабини кои ротираат во круг, овозможувајќи да се движат хоризонтално и вертикално). Дел од окната завршуваат на половина од висината на кулата. Горната половина од кулата се користи како воздушна ќелија: целата топлина генерирана од уреди како што се моторите и компјутерите се складира таму, а потоа се пренесува преку разменувачи на топлина во просториите за кои е потребно греење.

Модерната архитектура, која ја претставува уметноста на нашето инженерство, ѝ дава на кулата едноставен и елегантен изглед. Објектот ќе им овозможи на посетителите прекрасен панорамски поглед од 360 степени со поглед дури до швајцарските Алпи. Патувањето во стаклениот панорамски лифт ќе биде уште едно прекрасно искуство.Luftbild_Bauplattform

Кулата тежи неверојатни 40.000 тони. Од свечената церемонија во октомври 2014 година, за изградба на кулата беа користени околу 15.000 кубни метри бетон и повеќе од 2.640 тони челик. За изградба на оваа кула биле инвестирани околу 40 милиони евра.

Заедно со фабриката за производство на лифтови во Нојхаузен (Neuhausen) и како дел од центрите за истражување и развој во универзитетските градови во Цирих, Минхен, Штутгарт со повеќе од 10.000 студенти, тест кулата е најголемиот иновативен центар за лифтови во Германија и Европа.

Футуристичките технологии кои се тестираат во Ротвајл, ја вклучуваат последната генерација на лифтови – MULTI. Новиот MULTI систем е инсталиран во 3 од 12 окна во кулата, во кои се користи магнетна левитациска технологија од Transrapid како погон. Ова има различни предности: благодарение на уникатната безжична конструкција, неколку кабини на лифтот може да се управуваат во една вертикала и хоризонтала. Ова не само што го зголемува транспортниот капацитет до 50 проценти, туку исто така го намалува потребниот простор за лифт во зградата. Освен тоа, лифтовите можат да се движат и во две насоки без висински ограничувања, што овозможува безброј невидени можности во архитектурата на зградите.Luftbild_Testturm_Aufzugsschacht

Д-р Хајнрих Хисинџер, извршниот директор на ThysssenKrupp AG, Андреас Ширенбек, извршниот директор на ThyssenKrupp Elevator и Ралф Брос, градоначалникот на Ротвајл на отворањето го претставија панорамскиот поглед од 360 степени на височина од 232 метри со познати гости како Винфрид Кречман (премиер на Баден-Виртемберг), Вокер Каудер (член на Бундестагот) и познати архитекти како што се Вернер Собек и Хелмут Јан.

„Ми претставува особено задоволство и ми буди неверојатно чувство отворањето на тест кулата. Во текот на целата фаза на изградба, речиси сѐ помина во најдобар ред, и јас сум многу горд што кулата беше завршена во рамките на планираниот буџет и определениот временски период. Нашите вработени веќе започнаа со истражување на високобрзинските лифтови” – вели Андреас Ширенбек. Тој исто така нагласи дека кулата е симбол на напредокот во секој поглед, која помага на ThyssenKrupp Elevator да ја револуционизира индустријата на лифтови на глобално ниво.

Хајнрих Хисинџер, извршниот директор на ThyssenKrupp AG, ја претстави кулата како „идна лабораторија за новата ера во технологијата и импресивен пример за иновативната моќ и инженерски вештини на ThyssenKrupp.”MULTI_Reimagining_Building_Design_small__c__thyssenkrupp

„Тест кулата покрај главната намена што ја има, претставува и вистинска туристичка атракција. Многу луѓе овде се идентификуваат со неа. Од самиот почеток, јавноста изрази интерес за посета на кулата. Токму затоа, ThyssenKrupp ја изгради платформата за гледање. Отвореноста на компанијата и силното учество на јавноста беа клучни за овој успех. Оваа кула за тестирање го позиционираше Ротвеил како прогресивна бизнис-локација, истовремено зголемувајќи ја туристичката привлечност” – изјави Брос, градоначалникот на Ротвеил.testturm_ausblick

Мултинационалната групација ThyssenKrupp веќе 9 години е присутна на македонскиот пазар преку својата подружница НОВАКО, ексклузивен дистрибутер за Македонија и Косово и членка на германската групација. Нивна основна дејност е производство, продажба, монтажа и одржување на лифтови, ескалатори, подвижни траки, авиомостови, како и други транспортни и индустриски системи.tisen_6

ThyssenKrupp е светски лидер во производство на лифтови и ескалатори и еден од најголемите производители на челик во светот, со годишни приходи од околу 40 милијарди долари, со повеќе од 160.000 вработени, присутни во 80 земји, а во својот состав има 670 помали компании.

ThyssenKrupp континуирано развиваат производи ориентирани кон иднината кои се со врвен квалитет, функционалност, дизајн и одржливост. Без разлика дали е за патници или товар, дали со стандардни или со нови иновативни лифтови, со ThyssenKrupp, секогаш патувате кон иднината.

Автор: Љупчо Грујовски

Испрати коментар

Scroll To Top