Насловна / Архитектура / Објавен повик за манифестацијата „Архитектура на Град Скопје“

Објавен повик за манифестацијата „Архитектура на Град Скопје“

grad-skopje-f-620x330

Градот Скопје во соработка со Музејот на Град Скопје објави Повик за учество во традиционалната манифестација „Архитектура на град Скопје” – АСК 2015 по повод празникот на градот Скопје 13 Ноември.

Право на учество имаат сите архитекти, граѓани на Република Македонија со реализирани архитектонски трудови во текот на 2014-2015 година на подрачјето на Градот Скопје.

Трудовите треба да се во една од следните категории:

– реализиран архитектонски објект

– архитектонско – урбанистички проект

– градителско наследство

– внатрешно уредување и дизајн

– други форми на архитектонско творештво

Пријавата за учество треба да содржи:

– Графички приказ на трудот на минимум 1 лист со формат А4, со фотографии и текст по слободен избор на авторите

– Е- маил адреса и телефон за контакт со авторите

Пријавите се поднесуваат до 07 септември 2015 година, во просториите на Град Скопје, барака 12 (телефон 02 3297 331).

Жири-комисија формирана од Град Скопје ќе додели главна награда која ја сочинуваат плакета, скулптура и паричен износ. Ќе бидат доделени и признанија во форма на плакети за посебен придонес во архитектурата.

Испрати коментар

Scroll To Top