Насловна / Вести / Обиколка низ подземната железница на Лондонската пошта

Обиколка низ подземната железница на Лондонската пошта

Koridor

Вообичаено се воодушевуваме на новите технологии и иновативни решенија, а често забораваме на револуционерните технолошки достигнувања од минатото, од кои добар дел се задржале и функционирале до скоро. Еден таков пример е карактеристичен за Лондонската пошта (London Post Office) чија подземна безпосадна флота од електрични возови крстосувала под градот цели 75 години. Безпосадните возови се вообичаени за денешницата во развиениот свет, но дали сте знаеле дека концептот бил предложен уште во 1927 година?

Koloseci

Се разбира, не е тешко да се претпостави тогаш дека многумина биле скептици. Овој начин на поштенски сообраќај бил воведен како одговор на густиот патен сообраќај во Лондон на почетокот на дваесеттиот век. Решението било просто и логично – поштата оди под земја. Оваа поздемна железница позната под името “Mail Rail”, поврзувала две главни поштенски централи (источна и западна) во Лондон на растојание од 10 километри, со осум станици долж оваа рута.

Voz stanica

Во своите златни години, системот оперирал со над 4 милиони поштенски пратки  во 22 часовно работно време. Неверојатниот систем бил оперативен се до 2003 година, кога е утврдено дека е прескапо неговото натамошно функционирање.  Имено, било пресметано дека железницата е пет пати поскап начин за дистрибуција на поштата, отколку патниот сообраќај.

Voz

Сепак, во најава се добри вести за “Mail Rail”. Повторно ќе биде отворен во септември, но наместо поштенски пратки ќе превезува патници -посетители кои ќе имаат можност да го почувствуваат  возењето со оваа историска железница на делница од 1 километар и во специјално дизајнирани нови вагони.

Karta Plan

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top