Насловна / Вести / ОАЕ ќе вложат 163 милијарди долари во обновливи извори на енергија

ОАЕ ќе вложат 163 милијарди долари во обновливи извори на енергија

OAE obnovliva energija

Обединетите Арапски емирати (ОАЕ) планираат да инвестираат 163 милијарди долари во проекти кои од обновливи извори на енергија ќе генерираат половина од енергетските потреби на државата, пренесува BBC. Државата која е еден од најголемите производители на нафта, се надева дека оваа цел е остварлива до 2050 година, а истовремено се стреми кон балансирање на економските потреби со еколошките цели. Според Светска Банка, оваа земја се наоѓа на осмото место по емисијата на стакленички гасови во светот по жител.

OAE Obnovliva energi

Премиерот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин рашид ал-Макдум изјави дека очекува до 2050 година, 44% од електричната енергија во оваа земја да се добива од обновливите извори со истовремено зголемување на енергетската ефикасност за 40% и зголемување на субвенциите за обновливи извори за 50%. „Оној кој не размислува за енергетиката, не размислува за иднината. Владата на ОАЕ изработи одлична единствена енергетска стратегија за земјата.“ напишал премиерот на Твитер.

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top