Насловна / Арт и дизајн / Новооткриениот дел од Берлинскиот ѕид ќе добие заштитен статус

Новооткриениот дел од Берлинскиот ѕид ќе добие заштитен статус

Неодамна откриениот дел од Берлинскиот ѕид ќе добие статус на културно наследство, објавиле берлинските власти.

Ова е објавено 28 години, два месеци и 26 дена по уривањето на Берлинскиот ѕид, точно колку што ѕидот го делел источниот и западниот Берлин.берлин

Историчар аматер минатиот месец објавил дека пронашол 80-метарски ѕид и го пријавил на властите загрижен за состојбата на остатоците, пренесува Асошиејтед прес.

Уривањето на Берлинскиот ѕид започнало на 9 ноември 1989 година, бидејќи претходно властите на Источна Германија соопштиле дека ќе им овозможат на граѓаните на комунистичка држава да патуваат во Западна Германија.

Во меѓувреме, речиси целиот ѕид бил урнат, но на некои места во Берлин се уште може да се видат остатоци кои служат како потсетник на историјата на градот, но и како туристичка локација.

Изградбата започнала во 1961 година во обид да се спречат граѓаните на Источна Германија да преминуваат во западниот дел на градот, а со времето ѕидот се зајакнувал и модернизирал, со образложение дека властите го спречуваат влегувањето на „фашистите“ од Запад.

Неодамна откриениот дел од ѕидот се наоѓа во северо-источниот дел на Берлин и датира од почетокот на времето на изградбата на ѕидот, кога властите ги користиле ѕидовите од куќите уништени во бомбардирањата за време на Втората светска војна.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top