Насловна / Вести / Ново транспортно чудо доаѓа од Кина – „небесен воз“(Видео)

Ново транспортно чудо доаѓа од Кина – „небесен воз“(Видео)

Kina nebeski voz1

Новиот вид на транспорт за кинезите, т.н „небесен воз“ е пуштен во пробна работа и веќе руши рекорди. Инженерите велат дека неговите можности за транспорт на патници се скоро три пати подобри од регуларните возови и метроа.  Возот е дизајниран да биде лесен, со средна брзина на движење. Како ефтина варијанта на превоз се очекува да има огромен пазарен потенцијал, особено во планинските подрачја и поголемите градови.

Kina-nebeski voz

Има капацитет за превоз на 510 патници во три до пет вагони со максимална брзина од 70km/h. „Овој воз користи технологија на перманентен магнет, која му овозможува поголем амоќност, пониска бучава и помала маса, со што с епостигнува повисока оперативна ефикасност“, вели техничкиот директор на проектот, додавајќи дека тоа се главните предности во однос на другите видови транспорт.

Kina nebeski voz

Тој објаснува дека овој воз ќе обезбеди удобно и безбедно патување дури и низ стрмни и непристапни предели. Уште една предност е во фактот што инвестициските и оперативните трошоци  за овој вид на железничка инфраструктура се пониски.

Кина е сега трета земја во светот која ја има развиено оваа технологија, по Германија и Јапонија.

Испрати коментар

Scroll To Top