Насловна / Вести / Новите канцеларии на Uber инспирирани од урбаниот живот на Хонг Конг

Новите канцеларии на Uber инспирирани од урбаниот живот на Хонг Конг

Овој деловен простор во Хонг Конг е дизајниран така што секоја зона функционира во единствен отворен простор, токму како и градот во кој е сместен.

На последниот кат на постоечкиот деловен објект, е организиран нов канцелариски простор Uber на 830 квадратни метри. Проектантското биро Bean Büro успеа панорамата на Хонг Конг да ја отслика на ентериерот каде што просториите за состаноци, работните зони и областите на услуги наизменично се менуваат правејќи една целина.канцеларии Убер во хонг конг_7

Една од основните цели на проектот била да се создаде простор кој ќе ги поврзува вработените, пишува Designboom.канцеларии Убер во хонг конг_6

Како резултат на оваа цел, во централниот дел од просторот, кој има облик на брод, постои едно кафуле кое служи за организирање на поголеми социјални настани, самостојни работни активности, но, исто така, неформални средби.канцеларии Убер во хонг конг_4

Инспириран од градот, локалниот уметник Хо Бао на еден од ѕидовите ги претставил симболите на градот во форма на лебдечки брод. Водени од овој пример, вработените се охрабрени креативно да се изразуваат на ѕидовите и столбовите на кои може да се пишува и да се црта.канцеларии Убер во хонг конг_5 канцеларии Убер во хонг конг_8 канцеларии Убер во хонг конг_3 канцеларии Убер во хонг конг_2 канцеларии Убер во хонг конг_1

Испрати коментар

Scroll To Top