Насловна / Вести / Новиот „зелен“ BMW – без компромис во заштитата на животната средина

Новиот „зелен“ BMW – без компромис во заштитата на животната средина

BMW eko1

Хибридниот BMW 330e, е еден од атипичните модели на баварскиот гигант. Заради строгите еколошки норми, европските производители на автомобили во својата гама често вклучуваат хибридни модели. Новиот модел на BMW не само што безусловно ги исполнува сите барања во однос на екологијата, воопшто не запоставува ниту еден сегмент од луксузот и раскошот карактеристичен за овој бренд.

BNW Eko

Овој модел му овозможува на соспственикот заштеда во потрошувачката, но и опција на кратки релации да вози исклучиво на електричен погон. Имено, автомобилот може да помине до 40km со едно полнење на батеријата, при што максималната брзина може да биде околу 120km/h, но за градско возење тоа е повеќе од доволно.

Но, кои се всушност карактеристиките кои го прават овој автомобил толку „зелен“?  Според фабричките податоци, просечната потрошувачка во комбиниран циклус на возење се движи од  1,9 до 2,1 l/100 km, а CO2 емисијата изнесува  44-49 g/km.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top