Насловна / Архитектура / Новиот пазар во Тирана, ги спојува традицијата и модерната архитектура

Новиот пазар во Тирана, ги спојува традицијата и модерната архитектура

Новиот пазар во Тирана се наоѓа на само 8 минути пеш од центарот на градот, отворен е во март годинава, и за кратко време стана неодминлива атракција. Лоциран е на истото место и го задржува истото име, но и носи модерен европски дух на метрополата.

Tirana market 4

Tirana market 7

Tirana market 5

 

Се работи за инвестиција која на градот одамна му била потребна, и која освен покриениот и уреден простор наменет за пазарот, ги инкорпорира и околните згради со реконструирани модерни фасади, но со албански традиционални мотиви, во една единствена целина.

Tirana market 3

Предизвикот за изградба на овој комплекс, датира од пред 5 години, а Градот Тирана проектот го реализира во соработка со AADF (Albanian-American Development Foundation). Притоа, Фондацијата за албанско – американски развој, обезбедила 3 милиони УСД, додека Градот Тирана учествувал со 2,5 милиони УСД сопствени средства.

 

Испрати коментар

Scroll To Top