Насловна / Архитектура / Новиот „Центар за архитектура на Чикаго“ ќе биде отворен во 2018

Новиот „Центар за архитектура на Чикаго“ ќе биде отворен во 2018

Cikago-centar-za-arhitektura

„Фондацијата за архитектура на Чикаго“ (CAF – Chicago Architecture Foundation) ја најави изградбата на „Центарот за архитектура на Чикаго“, кој ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со архитектонското наследство на овој град и неговата улога во обликувањето на градовите на денешнината низ целиот свет.

Cikago-centar-za-arhitektura-model

Лоциран во зграда проектирана од страна на  Mies van der Rohe,  центарот ќе обезбеди  простор за најразлични изложби и едукативни иницијативи. Во истиот објект ќе биде преселено и новото седиште на CAF. Сепак, централниот изложбен простор е резервиран за облакодерите, своевиден заштитен знак на Чикаго. Во т.н „Skyscape Gallery“,  ќе биде поставена постојана изложба на облакодерите во Чикаго, но и ширум светот. Проектот вреди 10 милиони УСД, а се очекува комплетно да биде завршен во 2018 година.

Cikago-centar-za-arhitektura-mapa

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top