Насловна / Архитектура / Нови футуристички станици на метрото во Пекинг

Нови футуристички станици на метрото во Пекинг

Peking moderni metro stanici

Компанијата Qing-X Architectural Studio од Пекинг, ја заврши изградбата на низа футуристички метро станици кои изгледат како од филмовите со научно фантастична тематика. Спиралните метални тунели ги обвиткуваат подигнатите платформи, додека истовремено обезбедуваат голема количина дневна светлина и природна вентилација.

Peking moderni metro stanici2

Архитектот Ji Jun бил инспириран од едноставната, но функционална форма: „Закривена хартија затегната на двата краја која изгледа како да ја влечат моливи“ Овој концепт е рефлектиран на облогите на цевкастите платформи, со што се создава чувство на единство и овозможува движење низ многуте станици на метрото.

Peking moderni metro stanici1

Во моментот, функционални се 11 вакви станици, со 9 надземни и 2 подземни ленти. Станиците се состојат од 3 ката.

Peking moderni metro stanici4

На врвот кој е отворен, се наоѓаат метални и стаклени платформи. Покривите над платформите содржат плочи за дождовница со вентилациски отвор. Подрачјето околу станиците е опкружено со зелен појас.

Peking moderni metro stanici3

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top