Насловна / Вести / Новата фасада и реконструкцијата на ГТЦ ќе оди преку приватен инвеститор

Новата фасада и реконструкцијата на ГТЦ ќе оди преку приватен инвеститор

gtc

Објавен е јавен повик за избор на консултантска куќа која ќе изработи студија на оправданост за можното учество и на приватниот сектор во реконструкцијата и надградбата на Градскиот трговски центар во Скопје.

Оваа студија треба да ги проанализира сите можности за изведување на овој проект преку јавно – приватно партнерство. Консултантската куќа треба да биде избрана до 12 декември, а министерството за изработка на една ваква студија предвидело 5.084.746 денари (80.000 евра). Рокот за изработка на проектот е пет месеци, а потоа би почнала процедурата за избор на приватен инвеститор.

Приватниот партнер за возврат на вложените средства би го добил на 25-годишно користење новиот, трет кат, кој ќе има површина од 12 илјади квадратни метри. Сопствениците на постоечките продавници не би биле засегнати.

Автори на основниот проект за реконструкција и надградба на ГТЦ се Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Овој проект предвидува сосема нова, барокна фасада на ГТЦ, со антички столбови и нова тераса со бројни скулптури на горниот кат.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија и повеќе невладини организации се против реализација на овој проект.  Тие, заедно со општина Центар бараат референдумско изјаснување на жителите на Центар за овој проект.

Еден коментар

  1. Ima li kraj na ovaa budalastina so GTC. Ke mora pak da se organizirame so protesti . Nema drugo so ovie izvitopereni umovi.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top