Насловна / Вести / Нова железничка станица во Хамбург: најголем градски проект за урбан развој во Европа

Нова железничка станица во Хамбург: најголем градски проект за урбан развој во Европа

Новиот мегапроект на германски железници HOCHBAHN во HafenCity, во Хамбург, Германија, претставува и најголем градски проект за урбан развој во Европа. Како дел од овој мегапроект е вклучена и македонската фирма „Стокуќа“ ДООЕЛ – Скопје, како посредник на германската фирма SEH Engineering GmbH, во изработка на проектот за челичниот дел од железничката станица.image(1)

Моментално овој проект е главен инфраструктурен проект во Хамбург и е во процес на изградба. Железничката станица се состои од три целини: кровна конструкција, два пешачки моста и скалишен дел со платформа.

Кровната конструкција е со должина од 136 метри, ширина од 31,7 метри и висина од 15,85 метри. Вкупната тежина изнесува 440 тони. Во попречен пресек, кровот е дефиниран како лак на два зглоба со два радиуса, но во основа носачите се поставени дијагонално во двата правци, со што се испреплетени, создавајќи полиња во форма на делтоид. Со вака дефинираната геометрија, се добиваат сложени торзирани главни носачи. Конструкцијата е составена од кровни носачи со променлив I пресек, кои се со зададен радиус и поради сложената геометрија на објектот се торзирани во подолжната оска. 11

Вкупно се изработени 224 кровни носачи, кои се спојуваат на градилиште со заварување. Под нив се прикачуваат рожници изработени од заварени кутијасти пресеци со вкупен број од 442 елементи, четири влезни портали и еден портал на кров, излез на мост во наредна фаза за поврзување со друг објект. Монтажата на рожниците е предвидена на едната страна со штрафење, а на другата со заварување. Целиот објект е покриен со стакло поставено врз рожниците, така што кровните носачи се на надворешниот дел од објектот.12

Мостовите се со должина од 39,5 метри и ширина од 8,0 метри. Вкупната тежина изнесува 222 тони. На нив се предвидени да се постават шалтери и дуќани. Во работилница за еден мост беа направени два сегменти од 39,5 m должина и 4,0 m ширина и така транспортирани до објектот. Монтажата е изведена со заварување. На надворешните делови од мостовите е предвидено да се потпрат дел од кровните носачи.002

Во делот за вертикална комуникација, освен скалите и платформите, постојат и два лифта со висина од 12,1 метар, изработени од челични носачи и стакло. Скалишниот дел со платформата е потпрен на два столба со сложена геометрија, од кои едниот е симетричен во двете оски, а другиот не е. Вкупната тежина на овој дел изнесува 115 тони.13

Во моментот се монтирани двата моста и скалишниот дел со платформата, а кровната констукција е во тек на монтажа. Железничката станица е предвидена да се заврши и пушти во употреба во декември 2018 година, со капацитет да прифаќа 18 илјади патници дневно.15 14 001

Подготви: „Стокуќа“ ДООЕЛ – Скопје (Драган Прастов, дипл.град.инж., Ненад Стојчевски, дипл.град.инж., Катерина Ѓорѓиевска, дипл.град.инж., м-р Марија Стокуќа Терзиевска, дипл.град.инж.)

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top