Насловна / Архитектура / Нова населба со згради во облик на букви

Нова населба со згради во облик на букви

Manhajm stanbeni blokovi okolu stara kasarna

Компанијата MVRDV има намера да ја претвори поранешната касарна на американскта војска во Манхајм, Германија, во модерна нова населба со четири видови станбени згради во облик на букви. Се работи за буквите што заедно го сочинуваат зборот HOME (дом). Притоа, во овој проект MVRDV е задолжена за зградите во облик на „О“ и „М“, додека компаниите со кои соработува (haascookzemmrich STUDIO2050 и AS&P) се задолжени за останатите два типа на згради.

Manhajm stanben blok vo stara kasarna

Кулата во облик на „О“ ќе изгледа како пикселизирана верзија на „Circle Mansion“ во Гуангџу во Кина и планирана површина од 12 380 m² . Кулата во облик на „М“ ќе се простира на површина од 17 890 m². На врвот од кулата планирани се неколку тениски терени кои потсетуваат на т.н. „Couch project“ на MVRDV.

Manhajm kasarna

Малку е чудно што германски проект предводен од холандска фирма прави кули во облик на букви кои сочинуваат англиски збор, но можеби тоа е од причина што се работи за поранешна американска воена база.

Manhajm kasarna kosarka pole

Во секој случај, MVRDV планира да направи вештачко брдо од остатоците од старите срушени бараки на 144 хектари. Проектот е замислен како сличен на „Mirador“ во Мадрид.

Manhajm kasarna pretvorena vo naselba Manhajm stara kasarna pretvorena vo naselba

 

 

 

 

 

 

 

 

Еден коментар

  1. Анонимен

    Супер статија. Две добронамерни корекции:
    1. станбени, а не стамбени;
    2. рид, а не брдо.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top