Насловна / Вести / Нова генерација на трамваи Flexity во Виена

Нова генерација на трамваи Flexity во Виена

Avstrija-tramvaj-flexiti

На почетокот на 2018 година во Виена ќе бидат пуштени во сообраќај сосема нови модели на трамваи – Flexity, кои во производство се влезени во 2016 година. Тие ќе ја заменат последната генерација високоподни трамваи во Виена.

Новиот тип на трамвај е долг 34 метри и нуди 112 места за патниците, како и повеќе простор за инвалидски колички. Енетериерот е поотворемн, посветол и опремен е со надзорни камери.

bombardier-is-cutting-7500-jobs-through-2018

Еколошкиот аспект се покажува во малата потрошувачка на енергија како и во исклучивото користење на ЛЕД осветлување. Водена е грижа и за трајниот концепт на рециклирање, бидејќи возилата се така конципирани и конструирани, што по крајот на нивниот експлоатационен век можат едноставно да бидат рециклирани.

Еколошките и енергетски ефикасните возила се многу популарни во глобални рамки. Метрополите како Берлин, Марсеј, Линц, Инсбрук и др., исто така го имаат избрано концептот Flexity на компанијата  Bombardier (Монтреал), со тоа што актуелниот модел во Виена е прилагоден на инфраструктурата во градот. Се проценува дека до 2026 година ќе бидат склопени  помеѓу 119 и 156 Flexity трамваи. Точниот број на новите модели ќе зависи од проширувањето на трамвајската мрежа и фрекфенцијата на трамвајскиот сообраќај.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top