Насловна / Вести / Нова еко населба „Александрија“: Алтернатива на скопската реалност

Нова еко населба „Александрија“: Алтернатива на скопската реалност

Изнаоѓање решенија за проблемите со животната средина е несомнено предизвик на 21 век. Климатските промени, зголемената загаденост, зголемените здравствени проблеми на жителите, зголемена неефикасност и неекономичност на постојните објекти градени во минатото, наметнуваат потреба за сериозно менување на пристапот кон планирање на градовите и проектирање на самите објекти.cela-naselba-slika

Во овој период повеќето градови се наоѓаат во т.н. „зелена револуција“, се организираат зелени иницијативи за подобрување на постојните делови од градот, се градат нови еколошки населби и се зголемува човековата свест за својата околина. Со намалување на емисијата на штетни гасови, максимално искористување на сите природни ресурси, правилно менаџирање и минимизирање на отпадот, земјите се стремат кон создавање на самоодржливи градови.cam3

Во општина Ѓорче Петров, на само пет километри од центарот на градот Скопје, на површина од 500.000 м2, се развива еко-населба која ќе претставува алтернатива на нашата реалност. Оваа населба е спротивност на населбите кои со несоодветно планиран развој имаат преголема густина на население, мали и несоодветни растојанија меѓу објектите, инфраструктура со недоволен капацитет за да ја опслужи новонастанатата состојба, премалку или без зелени површини.cam2

Населбата се наоѓа во непосредна близина на реката Лепенец, преку чие течение се обезбедува континуиран проток на свеж воздух во населбата во која, според Деталниот урбанистички план, 85% од објектите се предвидени да бидат со класа на намена А2-Домување во станбени згради. Во населбата се предвидени и сите останати содржини кои се потребни за современо домување: здравствени, трговски, деловни, како и паркови и детски игралишта. Местоположбата на еко населбата е меѓу главните артерии на градот Скопје, булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Илинден“, и овозможува брза и едноставна комуникација со останатиот дел од градот.cam5

Зеленилото се користи како составен дел од објектите за создавање мали оази за жителите, како што се дворови во приземјето, поголеми површини на кровни тераси за индивидуално и заедничко користење, како и зелени кровови. Зелените кровови имаат улога да го вратат елементот на природа во урбаното опкружување и да пружат решение за важни проблеми како што се подобрување на микроклимата, намалување на ефектот на „стаклена градина“, подобрување на енергетската ефикасност на објектите, како и намалување на трошоци за одржување и поправка.cam1

Со овие кровови објектите имаат капацитет за прифаќање на 50-80% од атмосферките води, со тоа го намалуваат приливот во атмосферската канализација и помагаат при третманот на атмосферски води, што е од особена важност при големи временски непогоди. Вегетацијата што се наоѓа на крововите придонесува за намалување на правот и штетните материи од воздухот, еден метар квадратен зелен кров апсорбира до 20 deg отпадни материи.

Површините помеѓу објектите како и дел од кровните градини се предвидени за заедничка употреба, со што населбата се подобрува од социјален аспект во услови кога модерниот начин на живот доведува до отуѓување на луѓето.cam7

Со новата еко населба Скопје прави чекор во вистинскиот правец за да се придружи кон светската архитектонска сцена, во која еколошката градба и „свесниот“ начин на планирање на градот и населбата се одамна реалност.

dsc02251

Првите објекти готови до година

Новата еко населба АЛЕКСАНДРИЈА (именувана од страна на идните жители) се наоѓа на земјиште кое поголем дел е во сопственост на Фабрика Карпош А.Д, која се појавува како инвеститор на голем дел од објектите и промотор на населбата.

На 16 јуни годинава, поставен е камен-темелник на првите објекти, со што официјално се започна со изградбата на новата населба. Првите објектите се планира да бидат завршени во текот на 2017 година. Проектната документација за првиот блок на објекти е изработена од страна на Градежен институт „Македонија“ А.Д. Скопје. Блокот вклучува четири станбени објекти со катност Пр+5+Пк и со висина до венец од 21 м. Станбените објекти се групирани во две групи од по два објекти огледално поставени еден од друг и меѓусебно поврзани со заеднички паркинг-плац на две подземни нивоа. Во објектите се планирани по 60 станбени единици кои варираат во големина од 34 м2 до 170 м2. При проектирањето, посебно внимание е посветено за постигнување на енергетска ефикасност и минимални топлински загуби. Со изборот на најсоодветни градежни материјали, овие објекти припаѓаат во енергетската класа „B“, со што за едно скалило е надмината законски бараната енергетска класа „C“ предвидена за новите станбени објекти според Правилникот за енергетски карактеристики на зградите.Green Roof Layers

Пишува: Теодора Михајловска, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top