Насловна / Вести / Нов забавен парк за најмладите во Радишани

Нов забавен парк за најмладите во Радишани

nov park radisani

Општина Бутел почна со изградба на нов забавен парк во населбата Радишани. Станува збор за уредување на еден запуштен дел од вториот влез во населбата, поточно на улицата „Амди Демир“.

Идејата е стара една година и требаше да се реализира кога минатата година се ставаше нов асфалт на улицата. Тогаш настана имотно правен спор за неурбанизираното проширување на улицата, што претставуваше еден вид ругло, кое граѓаните со непријатност го одминуваа. Овој проблем е надминат и се пристапи кон реализација на проектот.

Токму на тој простор со површина од околу 450 м2 ќе никне нов забавен парк за најмладите, но и за нивните родители, баби и дедовци. Ќе бидат поставени најразновидни детски реквизити, урбана опрема, како и мала фонтана.

Изведувач на работите е фирмата „Ексико“ од Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top