Насловна / Вести / Нов парк во населба Капиштец

Нов парк во населба Капиштец

kapistec park

 Општина Центар продолжува со проектите за обнова на зелените површини во централното подрачје на главниот град. Тетовската компанија „АК Инвест“ е избрана да го реализира зафатот за реконструкција на паркот во населбата Капиштец, кој вклучува поставување на урбана опрема, детски игралишта, фонтани, чешми, но и ново хортикултурно уредување на просторот и негово осветлување. Од локалниот буџет за овој проект се обезбедени финансиски средства во висина од 31.864.838 денари или над 510 илјади евра. Паркот ќе се простира на површина од над 20.000 метри квадратни и пешачки патеки со површина од 2.000 метри квадратни. За одржување на новото зеленило ќе биде инсталиран и систем за полевање.

 Според потпишаниот договор со фирмата од Тетово, изведбата треба да заврши во рок од 12 месеци. Паркот ќе биде лоциран на просторот помеѓу зградите на улиците Народен Фронт и Васил Ѓорѓов, кој во моментов е препознатлив по тоа што има еден од најмалите проценти на зелени површини по глава на жител во Скопје.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top