Насловна / Вести / Нов објект за 50 дечиња во градинка во Ѓорче Петров

Нов објект за 50 дечиња во градинка во Ѓорче Петров

nov objekt

Жителите на Ѓорче Петров добија нова детска градинка. Новиот објект за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст во состав на ЈОУДГ „Росица“ е изграден со средства од Министерството за труд и социјална политика, во висина од околу четири милиони денари.

Во новиот клон „Рипчиња“ ќе се згрижат 50 дечиња од претшколска возраст. Вкупна корисна површина на градинката, која има две занимални, работни простории, дистрибутивна кујна и нови санитарни јазли, изнесува 202 квадрати и е со сопствено парно. Дворот е опремен со различни едукативни реквизити за деца од предучилишна возраст.

Испрати коментар

Scroll To Top