Насловна / Вести / Нов концепт за одржлив јавен транспорт стигнува од Кина – воз без шини (видео)

Нов концепт за одржлив јавен транспорт стигнува од Кина – воз без шини (видео)

Kina voz bez sini

Во Кина неодамна е претствен иновативен концепт за одржлив јавен транспорт. Промотивно на улиците се најде новиот ”ART” (Autonomous Rail Rapid Transit) односно возило кое е спој на автобус, тролејбус и воз. Ова возило ги обединува предностите од сите претходно споменати превозни средства, но се движи по претходно исцртани линии во боја на патот. Производителот на ова електрично возило CRRC, го нарекува „паметен автобус“, има капацитет од 300 патници и не е потребен возач. Иако се движи со помош на исцртаните линии на асфалтот, сензорите долж рутата, како и сензорите на самото возило овозможуваат креирање на „виртуелни шини“ кои возилото ги следи, но исто така можна е адаптација на неочекувани ситуации и промени во опкружувањето во реално време. Планирано е првата траса да биде долга 6,5 километри, а редовното сообраќање е закажано за 2018 година.

(ВИДЕО) :   https://www.youtube.com/watch?v=Dd3N9CFKe9M

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top