Насловна / Вести / Норвешка бајка со тажен крај?

Норвешка бајка со тажен крај?

Sleipner A

Падот на цените на нафтата на светскиот пазар веќе сериозно почна да влијае на благосостојбата во Норвешка. Во таа земја, по децении економски бум, според мислењето на економистите, се наѕира почетокот на рецесијата во индустријата на нафта и гас. Околу 10.000 вработени во нафтената индустрија останале без работа, што се толкува само како почеток на долгата рецесија во оваа значајна гранка на економијата, која учествува со 80% во приходите на државата.

Statoil-BoD-Member-Resigns
Државната енергетска компанија Statoil соопшти дека минатата година 23.000 нејзини работници имале просечни годишни плати од 130.000 долари. Сега, Норвежаните ќе мораат да се подготват за поскромен животен стил, бидејќи Statoil најавува намалување на трошоците.

Овие проблеми ќе се одразат и на целокупната национална економија. Цената на суровата нафта по тригодишна стабилна цена од околу 110 долари падна под 60 долари, со што повеќе од половината нафтени бушотини долж норвешкиот брег станаа неекономични за експлоатација.

Добрата страна на оваа приказна е што  низата „златни“ години во овој бизнис на Норвешка веќе и обезбедиле сериозна заштеда од 860 милијарди евра.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top