Насловна / Вести / Nokia се враќа на пазарот со нови модели

Nokia се враќа на пазарот со нови модели

Јавна тајна беше дека Nokia планира враќање на пазарот на смартфони, а сега се појавија и првите фотографии од новите уреди што ги подготвува.нокиа два модела

Фотографиите се појавија набргу откако Nokia потпиша договор со компанијата HMD Global вреден 350 милиони долар, за производство на уредите. Станува збор за смартфони со 5,2 и 5,5 инчни QHD екрани и со Snapdragon 820 процесори, кои ќе го користат оперативниот систем Android 7.0 Nougat.

Моделот со 5,5-инчниот екран има задна камера од 22,6 мегапиксели, а двата уреди имаат метално куќиште. Ова не се први смартфони кои детално „протекоа“ во јавноста, бидејќи претходно се зборуваше за Nokia P1 и за Nokia C1.

Nokia P1 всушност беше Sharp Aquos P1 со лого од финската компанија, а имаше 5,3 инчен екран со резолуција 1080р, Snapdragon 820 процесор, 3GB RAM, задна камера од 22,6 мегапиксели, батерија од 3.000mAh и 32GB интерна меморија.

Испрати коментар

Scroll To Top