Насловна / Вести / Нивото на Сена повисоко за четири метри над нормалата

Нивото на Сена повисоко за четири метри над нормалата

Обилните дождови во текот на неколку недели доведоа до раст на Сена и на притоките, што доведе до затворање на патиштата, поплавени шеталишта и патишта по должината на брегот и сопрени туристички бродови во главниот град.paris pod voda (6)

Националната агенција за следење на поплавите објави дека нивото на водата утринава достигнало 5,84 метри, што е четири метри над нормалата. Сена го постави рекордот од 8,62 метри во 1910 година.paris pod voda (1)

Водата почна да опаѓа, но тоа ќе биде многу бавно и се очекува нивото на водата да почне да опаѓа од денес, но сепак со недели ќе биде на високо ниво.paris pod voda (2)

Поради поплавите евакуирани се над 1500 луѓе, а под вода се голем број на домови и куќи.

До 5 февруари затворени се седум линии на метрото и трамваи. Исто така, затворени за сообраќај се и неколку улици кои поминуваат покрај Сена.paris pod voda (3) paris pod voda (4)

Долниот кат на музејот Лувр е затворен од минатата недела.

Други градови по должината на надојдената Сена поминаа многу полошо од Париз. Штета има дури во 242 села долж реката и нејзините притоки и поплавата сега им се заканува на градовите низводно, западно од Париз, кон Нормандија и Ламанш.paris pod voda (5) paris pod voda (7)

Париз е подобро подготвен за поплави отколку кога во 2016 година кога го поплави Сена која достина ниво од 6,1 метри.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top