Насловна / Вести / НЕВИДЛИВ ГРАД

НЕВИДЛИВ ГРАД

НЕВИДЛИВ ГРАД

Магла…

Депресивна и тегобна,

смрдлива и здодевна

Над градот распослана

Со честички збогатена

Маглата скопска

 

Магла…

Застој и зачмаеност,

недвижење,  закоравеност

Чиниш годиништа натежнала

Чиниш времиња непознати врежала

 

Магла…

Сончеви зраци ко за инат не пушта,

го притиска градот без трошка душа

Како станува сè погуста и погуста

надежта за светлина од пуста е попуста

 

Магла…

Мемориски слики таа трајно збриша

знајни силуети безмилосно ничкоса

Скри зад себе познати простори

грди сништа во јаве престори

 

Магла…

За миг ја измамив

тажно Водно искачив

Низ сиво море запловив

над градот, на дното послан, невидлив

 

Магла…

Сè стана невидливо

и Калето отспротива

и мостот камен под него

и Вардар наш тегобен

в густа магла заробен

 

Магла…

Со наметки туѓи прекри таа ѕидој градски

И зад себе скри безброј фаци

Навлезе без обѕир во простори тесни

И изгради таму магловити кули бесни

 

Магла…

Бунило в мисли таа трајно ни врачи

Бескрајно долго градот ќе го мачи

Замаглени прозорци исправи пред нас

Шепот тивок е нашиот бунтовен глас

 

Магла…

Лутам низ умот и ноќ и ден

Заробен во себе се прашувам везден

Дал пролетен ветер некогаш ќе дувне

маглата скопска в неврат да ја турне

 

Горан Марковски

IMG_4538

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top