Насловна / Вести / Неверојатни стилски дневни соби

Неверојатни стилски дневни соби

Дневните соби се просториите во кои ние минуваме најголем дел од времето, без разлика дали читаме книга, гледаме телевизија, разговараме со членовите на семејството или само се дружиме. Кога овие простории се удобни и шик, тогаш сè повеќе се наоѓаат во нашиот фокус. Ви претставуваме 10 дневни соби кои изгледаат гостопримливо, шик и удобно, и имаат прекрасен дизајн кој ги прави карактеристични и уникатни. Погледнете ги!

1-neverojatni-stilski-dnevni-sobi

1. Дивите бои кои се поставени во подрачјето на подот, поточно на тепихот, нè потсетуваат на компјутерските пиксели, и целиот простор го прават модерен и свеж.

2-neverojatni-stilski-dnevni-sobi

2. Кул ѕидови кои имаат обработка која потсетува на старите малтери кои се одронуваат, ја прават оваа дневна соба шик.

3-neverojatni-stilski-dnevni-sobi

3. Пространствата говорат сами за себе. Оваа дневна соба се карактеризира со простран простор, но и огромните прозорци ни пружаат одличен поглед кон големите пространства во кои е сместена оваа куќа.

4-neverojatni-stilski-dnevni-sobi

4. Нијансите на бело и ресестиот тепих кој изгледа малку неуредно и запуштено, му даваат на овој дневен простор мала доза на нервоза и напнатост, но не и надвор од границите на тепихот, каде што сè е на свое место и во рамнотежа.

5-neverojatni-stilski-dnevni-sobi

5. Нема ни трага од палавоста на оваа дневна соба во чиј склоп е и кујнскиот простор. Овој дневен простор се карактеризира со нескладен мебел и минималистичка уметничка слика на ѕидот, но како целина сето тоа е совршено искомбинирано.

6-neverojatni-stilski-dnevni-sobi

6. Изобилството на луксузни парчиња мебел кој служи за седење, со поглед кон базенот, го прават овој дневен простор максимално посветен на уживањето.

7-neverojatni-stilski-dnevni-sobi

7. Убавите бои и меките ткаенини ве повикуваат да седнете на овој кауч во дневната соба.

8-neverojatni-stilski-dnevni-sobi

8. Креативното осветување во овој дневен простор, му дава дополнителна удобност и го прави навистина посебен.

9-neverojatni-stilski-dnevni-sobi

9. Само поради тоа што се користат природни бои и тонови, не значи дека една дневна соба е досадна. Интересниот дизајн на тапетите и лустерите го прават овој простор навистина интересен.

10-neverojatni-stilski-dnevni-sobi

10. Постои нешто така слатко во овој простор, што мало присуство на розова боја би бил одличен додаток.

2 коментари

Испрати коментар

Scroll To Top