Насловна / Вести / Неодолива колекција за шпанскиот бренд Kettal

Неодолива колекција за шпанскиот бренд Kettal

Италијанскиот дизајнер и архитект Родолфо Дордони креира колекција на градинарски мебел за шпанскиот бренд Kettal.

каттел (7)

Колекцијата ја карактеризираат течни форми со ретро елементи и мек колорит во сиви, розови и портокалови бои од една страна, и жолти, кафени и зелени од друга страна.каттел (1)

Сите парчиња во колекцијата, од столици до софи и лежалки за сончање, се водоотпорни. Тие се направени од алуминиумски рамки со површини од плетени полиестерски влакна кои придонесуваат за отпорноста на влага.каттел (6) каттел (5)

Покрај тоа, во колекцијата се појавува и камен како материјал на површината на маси, а со мебелот доаѓаат заедно, исто така, и водоотпорни, декоративни перници. Колекцијата е создадена од потребата за уживање на отворено без жртвување на удобноста, а со техничките решенија во дизајнот и пријатната естетика, овој мебел на Дордони е совршен за секоја градина.каттел (4) каттел (2) каттел (3)

Испрати коментар

Scroll To Top