Насловна / Архитектура / Населбата Александрија ги доби своите први жители

Населбата Александрија ги доби своите први жители

Новата населба Александрија месецов ги доби своите први жители. Населбата Александрија се наоѓа во општина Ѓорче Петров, на 150м од новиот кружен тек кај Порта Влае, a се простира на површина од 150.000 м2.
Александрија ќе биде место каде ќе живеат околу 20.000 жители, во сеизмички стабилни згради, во квалитетна и по сите стандарди уредена околина. Близината на реката Лепенец (на 200м) која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје, најсовремените методи на градење, материјалите кои се вградени, енергетската ефикасност и пријатната микроклима ја прават Александрија уникатна населба каква на Скопје одамна му недостасуваше.1
Според проект менаџерот на Александрија, г-дин Александар Стефанов, оваа населба е плод на долгогодишната работа во кој е вложено многу труд и активно работат на нивната цел – што побрзо да се добие конечниот лик на населбата: „Ми претставува особено задоволство да соопштам дека Александрија во почетокот на новата година ги доби своите први жители. Честитки до новите станари, во име на целиот тим од Фабрика Карпош им посакуваме пријатно живеење и создавање на успешни приказни во своите нови домови. Александрија како проект претставува вистински предизвик, пред сè заради неговата сериозност и габаритот кој го носи, па затоа сме особено горди на неговата реализација и на огромниот интерес кој го пројавија граѓаните. Нашиот тим продолжува со активна работа за целосно завршување и на останатите згради од комплексот.” – изјави Александар Стефанов.2
Во Александрија изградени се првите 4 згради, од кои една е вселива, а на другите 3 се работи во моментов и истите би биле вселиви наскоро. Исто така, започна изградба на уште една зграда со која ќе се заврши првиот комплекс згради во оваа населба.
Овој простор има постоечка здравствена, трговска и социјална инфраструктура кој со урбанизацијата на просторот прераснува во уникатна населба која претставува идеален избор за секое семејство. Покрај изградбата на зградите, за потребите на новата населба се гради и патна инфраструктура, водоводна мрежа и електрични инсталации. Исто така во населбата ќе има и градинка, голем број на игралишта, трговски центар, деловни објекти, и многу други содржини неопходни за квалитетен живот на станарите.4

3

Испрати коментар

Scroll To Top