Насловна / Вести / Намален бројот на одобренија за градба во август

Намален бројот на одобренија за градба во август

Вкупно 232 одобренија за градење се издадени во август, што е за 6,8 проценти помалку во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите изнесува 3.182.494.000 денари, или за 23 проценти повеќе споредено со август минатата година.gradeznistvo

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 154 (66,4 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 20 (8,6 отсто) за нискоградба и 58 (25 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 232 објекти, кај 161 (69,4 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 71 (30,6 отсто) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 559 станови, со вкупна корисна површина од 45.011 метри квадратни.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top