Насловна / Архитектура / Најубавите екстремни ресторани во светот: „Вечера во стил“ во три топ ресторани

Најубавите екстремни ресторани во светот: „Вечера во стил“ во три топ ресторани

За да биде успешен бизнисот, треба да постои јасна визија, но и нешто што ќе биде различно, а сепак привлечно за клиентелата. Ова посебно го знаат сопствениците на ресторани и кафулиња, кои се обидуваат да најдат инвентивни начини за да ги привлечат посетителите. Дел од таа визија не е само услугата или производите, туку сè повеќе фактор на влијание станува локацијата, но и дизјанот на објектот. Некои сопственици на ресторани се здружија со архитекти и дизајнери кои креираат специфични објекти полни со креативност, неверојатни концепти и возбудливи решенија. Еве ја листата на „Порта3“, кога се во прашање навистина три најдобри ресторани во светот, според локација и дизајн.

1.Bire bitori-Meksiko 3

„Бите битори“ (Мексико) 1.Bire bitori-Meksiko 1

Концептот за „Бите битори“, кој патем кажано на мексикански значи „Чинија“ а доаѓа од стариот индијански јазик на индијанците Тарахума, е поставен од страна на шефот на кујната Марија Андреа Пајн. Таа постави основи за да го направи ресторанот главна гастрономска атракција. Тој служи автентична кујна, а откако успехот стана голем, сличен ресторан се планира и во сојузната држава Чивава во Мексико. Секако, оригиналниот „Бите битори“ се наоѓа на раб на карпа во клисурата Копер во Мексико. На некој начин, направена е комбинација на храната со авантуризмот, посебно за оние што сакаат да уживаат во екстремен поглед.

Изгледот на ресторанот е производ на студиото „Тал архитектос“ од тројца млади и амбициозни архитекти, Лазаро Саинз, неговиот брат Себастијан и Леонардо Монтеро Тело.Тие имаат богато портфолио, а креирањето на ресторан кој со еден важен дел буквално виси над провалија е врв во кариерата, што донесе голем успех за газдите на ресторанот. Според техничките спецификации, ресторанот има два ката, од кои едниот се наоѓа на карпата на височина од 1829 метри над клисурата и нуди драматична глетка надолу.

Освен карпите, посетителите имаат спектакуларен поглед на водопадите „Бејзшик“, но најинтересно е што токму дел од катот од ресторанот, кој се наоѓа над клисурата, има транспарентен под од проѕирно стакло! Тој е на средина, а околу него се позиции за седење, при што посетителите ќе можат да гледаат и надолу. Ресторанот е направен од бетон зајакнат со специјален челик, кој е вграден во карпите со цел поголема безбедност. Објектот има едноставна форма, а декоративни базени има на самиот влез за да биде попривлечен за посетителите.

2.Perlan restoran Rejkjavik 3

Ресторан „Перлан (Рејкјавик)

2.Perlan restoran Rejkjavik 1

На врвот на ридот Оскјухило во Рејкјавик, главниот град на Исланд, се наоѓа необична градба која се вика „Перлан“ или во превод „бисер“. Тоа е сјајна зграда која ја краси свод од стакло, дело на архитектот Ингимундур Свеинсон. Ако се гледа од птичја перспектива, целиот објект симболизира отворен цвет, а во средината има стаклена купола која е висока 26 метри, опкружена со шест големи гигантски водни резервоари кои содржат четири милиони тони врела вода со темперетура од 85 степени Целзиусови! Тие резервоари ги симболизираат листовите на цветот. Водата се грее на природен начин, од подземните топли води кои доаѓаат низ карпата долу.

2.Perlan restoran Rejkjavik 2

Првата ваква дупка со врела вода е откриена во 1928 година, и од тогаш до денес пронајдени се над 70 од кои дел имаат длабочина од 500 метри па се до два километри. Тие се главниот извор на топла вода за целиот главен град и природен извор на топлинска енергија. Оваа геотермална вода се користи дури и за затоплување на патиштата и нивно одмрзнување. На некој начин, и ресторанот „Перлан“ е еден вид голем топлински резервоар, но сепак е уникатен на светот.

Архитектите при неговата конструкција се раководеле токму од тоа, како да го искористат геотермалниот извор и да го вметнат во самата зграда, а со тоа да придонесат и кон енергетска ефикасност. Со ваквиот концепт, објектот нема потреба од греење. Од друга страна, целата стаклена конструкција во средината има оска и се врти, што значи додека се ужива во вечерата, од врвот на ридот се гледаат различни пејзажи, токму заради ротацијата на куполата што е главната сала за посетителите. Секако, ротирањето е минимално, за да не им се сврти во главата на луѓето имајќи предвид дека најчесто вечераат. За да се заврти околу оската еднаш, потребни се полни два часа.

На првиот кат од ресторанот постои т.н. зимска градина од 1000 метри квадратни, а осветлувањето е обезбедно од големата стаклена конструкција на куполата, која повремено ја сече вештачки гејзир кој скока од време на време. На самиот врв, постои и патека за прошетка во кружна форма околу самата купола, при што има и шест телескопи кои можат да се користат за дополнителен поглед на околината.

3.Sela bar-Portugalija 1

„Села бар“ (Азурни острови, Португалија) 3.Sela bar-Portugalija 3

Во малиот град Мадалена на Пико, на еден од Азурните острови во Португалија, една напуштена и запуштена зграда се претвори во најпривлечниот ресторан кој е именуван „Села бар“. Реконструкцијата на 322 метри квадратни од овој објект, им беа доверени на дизајнерите од славното португалско студио „ФЦЦ“. Ѕидовите, кровот и вратите беа обновени со цел да ја зачуваат автентичноста и оригиналноста на објектот, додека внатрешноста е комплетно обновена според скиците на дизајерот Паоло Лобо. Оригиналната структура претежно е составена од базалт, а се користи и простор од вулканската карпа од околината. Во обновата е користен бетон, но и јапонско дрво, додека останатите површини се направени од борово дрво. По обновата, овој ресторан е најпосетен во овој дел на Португалија, а не е тајна дека богаташите од регионот го имаат како своја омилена дестинација.3.Sela bar-Portugalija 5

Освен реконструираната внатрешност на зградата, направен е и простор за тераса од која се влегува во дрвен надворешен изолиран дел, со кружни прозорци од кои се шири прекрасен поглед на океанот. Овој дел посебно доаѓа до израз навечер, со осветлувањето, заради што побарувачката на места за седење е голема и треба да се чека со недели за локација.

 

Испрати коментар

Scroll To Top