Насловна / Вести / Најавена реконструкција на аеродромот во Сараево – инвестиција вредна 19 милиони евра

Најавена реконструкција на аеродромот во Сараево – инвестиција вредна 19 милиони евра

Неодамна Меѓународниот аеродром во Сараево ги извести медиумите дека кон крајот на годината ќе започната работите на реконструкција, односно „модернизација и доградба на Терминал Б“. Притоа, планирано е двојно зголемување на постоечките капацитети, со што аеродромот ќе може да опслужува 2 милиони патници годишно.saeraevo aerodrom (3)

Проширувањето на аеродромот треба да обезбеди дополнителни 10.000 квадратни метри простор на четири ката. Стариот и новиот дел ќе бидат поврзани, а за целиот период на одвивање на работите, аеродромот ќе остане во функција и непречено ќе работи. Должината на терминалот ќе се зголеми од 68 на 110 метри, зоната за чекирање ќе се зголеми од сегашните 17 на 28 места, а бројот на излези ќе биде 7 наместо досегашните 4. Проектот вреди 19 милиони евра, а се планира да биде реализиран за 18 месеци.saeraevo aerodrom (2) saeraevo aerodrom (1)

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top