Насловна / Вести / Награди за сопствениците на најубаво уредени дворови во Скопје и Охрид

Награди за сопствениците на најубаво уредени дворови во Скопје и Охрид

nagradi za dvorovi (2)

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска ги додели наградите за најдобро уредени дворови по конкурсот за најголем придонес во областа на заштитата на животната средина.

Така, за најубаво уреден двор на индивидуална куќа, наградата ја поделија Стојан Арсиќ, за двор во населбата Ќерамидница, и Игор Цветковски, за двор во населбата Драчево.

Од друга страна, за најголем придонес во областа на заштитата на животната средина (правни и/или физички лица кои со својата активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје) наградата ја доби компанијата „Ф-ГРУПАЦИЈА“ – лиценцирана за вршење дејност за складирање и третман на отпад од електрична и електронска опрема и други видови отпад, отпад од батерии и од акумулатори, отпадна пластика, хартија и друго.

nagradi za dvorovi

Денес, исто така, членките од Женски Центар „ Бисера“ им ги доделија наградите и признанијата на сопствениците на трите најубави дворови во Охрид, избрани по претходно распишаниот конкурс, пишува OhridNews.

Така, наградите годинава отидоа во рацете на Петрески Сребра и Перо кои живеат на улицата „Петрино“, вториот награден двор е во сопственост на Нена Ставреска на улица „Вис“ и третиот избран двор е во сопственост на Гордана Кочовска на улицата „ Климентов Универзитет“.

Наградите што им беа врачени на сопствениците на најубаво уредените дворови се донација на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

Испрати коментар

Scroll To Top