Насловна / Архитектура / Наградени најдобрите студентски архитектонски решенија за обнова на фасади на објекти во Цементарница УСЈЕ

Наградени најдобрите студентски архитектонски решенија за обнова на фасади на објекти во Цементарница УСЈЕ

Во просторот наречен „Сквер“ на Архитектонскиот факултет Скопје на 02.02.2018 година се отвори изложба на студентски конкурсни трудови на тема „Индустрија во град“, кој конкуср обнова на фасадите на објектите на Цементарница АД Усје – Скопје заедно го организираа Архитектонскиот факултет и Цементарница Усје „Титан“. На изложбата Цементарница УСЈЕ ги додели наградите. Комисијата составена од претставници на Архитектонскиот факултет и Цементарница УСЈЕ додели вкупно четири награди за најдобри проекти. Две од нив припаѓаат на тимот составен од: Љубен Трајаноски, Мирослав Пејовски, Сашо Андријевски, Јосиф Николовски и Урош Николоски; вториот тим го сочинуваат: Валбона Фејза и Сања Аврамоска и третиот добитнички тим се студентите: Христина Мијалчева и Синиша Павловски.4H5A6179

4H5A6182

Задачата на конкурсот беше студентите да изработат решенија за обнова на фасадите на објектите на силосите, преку предлози за површинска обработка, колоритно решение и ноќно осветлување.

На свеченоста се обрати директорот на УСЈЕ, Борис Хрисафов кој се заблагодари и честиташе на студентите и Архитектонскиот факултет за убавата соработка и изрази надеж дека во иднина ќе имаат и нови можности за соработка.

4H5A6207

На присутните им се обрати и деканот на АФС д-р Огнен Марина кој изјави  „Оваа соработка со УСЈЕ е навистина исклучителен пример, кој треба да се промовира и следи. Ваквите проекти докажуваат дека успешните заеднички проекти на реалниот сектор и образованието не само што се можни, туку и обезбедуваат висок бенефит за двете страни – индустријата добива контакт со свежите идеи на иднината, а студентите можност да работат на реална основа и така да стекнат драгоцено искуство уште во текот на образовниот процес“.

4H5A6256

4H5A6227

4H5A6272

4H5A6277

4H5A6279

4H5A6376

4H5A6442

4H5A6444

4H5A6450

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top