Насловна / Вести / Наградени најдобрите изложувачи на Саемот за мебел 2015

Наградени најдобрите изложувачи на Саемот за мебел 2015

saem za mebel nagradi (3)

Организаторот на овогодишниот 41. Саем за мебел официјално ги додели наградите за најдобрите производители и трговци во вкупно 20 категории.

На присутните им се обрати Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопскиот саем, која истакна дека Саемот за мебел веќе години наназад поставува нови критериуми, ги дефинира трендовите во оваа гранка и сосема заслужено го носи епитетот на најпрепознатлив бренд во оваа индустрија.
Така, меѓу наградените во различни категории, добитници во класата на производители за категорија „Мебел за пpетсобје“ се фирмата „АКРОН“ од Скопје за плакарот „МИНИМАЛИСТ“, во категоријата „Мебел за дневен престој – корпус“ „ЛЕСНИНА МИ“ од Скопје за дневна соба „ФЕЛИКС“, додека во категоријата „Мебел за дневен претстој – тапациран мебел“ прогласена е „ЕЛИТЕ СОФА“ од Скопје за дневен престој FENIX.saem za mebel 2015 porta3 (20)
Во категоријата „Мебел за кујни“ прогласена е фирмата „ЛАРО“ од Скопје за кујната OPERA, во категоријата „Мебел за трпезарии“ добитник е „МОНОЗЕРО“ од Скопје за трпезарија MONOZERO SPIN, во категоријата „Мебел за спални соби” признание доби „ИНТЕР ФАНТАЗИЈА“ од Тетово за спалната соба „ГОЛД“.
Во категоријата „Мебел за јавни објекти“ на „СОФА СТУДИО“ од Скопје за тросед „МОРИСОН“, а во категоријата „Мебел за детски соби“ добитник е „АРТ МЕБЕЛ ЦЕНТАР“ од Скопје за детска соба HELLO KITTY.

saem za mebel 2015 porta3 (45)
Наградата во категоријата „Мебел на парче“ припадна на ЈАВНА СОБА /We and nature за производот ONE, односно на дизајнерката Тамара Георгиевска.
Специјалните дипломи за производители припаднаа на „ГУН ИНТЕРИЕР“ од Гостивар за долгогодишен придонес кон домашното производство, на „ЗВЕЗДА КОМЕРЦ“ од Неготино за мебел за бања „КЛЕА“ и на „АЛ МАК“ од Струмица за континуиран раст и развој во индустријата за производство на тапациран мебел во Република Македонија
Во класата на трговци, меѓу останатите, признанија добија „СИМПО Скопје“ за дневната соба YU во категоријата „Мебел за дневен престој-корпус“, фирмата „ЈУГОЕКСПОРТ СТИЛ“ од Скопје за дневната соба Natuzzi во категоријата „Мебел за дневен престој-тапациран мебел“, а во категоријата „Мебел за кујни” добитник за оваа година е „КУЛТ ДИЗАЈН“ од Скопје за кујната LA CORTE KUCHEN.

saem za mebel 2015 porta3 (34)
Исто така, добитник во категоријата „Мебел за трпезарии-столици” е „ДОМА МЕБЕЛ“ од Скопје
за трпезариските столици AUREA, во категоријата „Мебел на детска соба” признанието му припадна на „РОЈАЛ ХАУС“ од Скопје за колекцијата POSSI, додека наградата во категоријата „Мебел за спални соби“ отиде во фирмата „СТИЛЛЕС“ од Скопје за спалната соба „УРБАНА“.
Наградата за најдобро аранжиран штанд припадна на „ЛАРО“ од Скопје, а специјална диплома за посебен придонес на „МЕБЕЛ 2015“, добија браќата Васе и Киро Урдин.

Испрати коментар

Scroll To Top