Насловна / Вести / Нафтените концерни на состанок во врска со климатските промени

Нафтените концерни на состанок во врска со климатските промени

oil gas1

Францускиот гигант за нафта и гас Total беше домаќин на најголемите светски компании од областа на нафтата и гасот во врска со изработка на акциски план пред конференцијата на ОН за климата, која на крајот од годинава ќе се одржи во Париз. Освен Total, на состанокот присуствуваа и британско-холандската компанија Royal Dutch Shell, британскиот BG Group, саудискиот Aramco, италијанскиот Eni, како и норвешкиот гигант Statoil. Компаниите разговараа во врска со позициите на индустријата на нафта и гас во глобалните преговори за климатските промени. Имено, според досегашните сознанија, новиот светски договор за климата би можел да ја присили оваа индустрија да се откаже од експлоатација на огромни количини фосилни ресурси.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top