Насловна / Архитектура / Музејскиот комплекс „Лувр Абу Даби“ се отвора во ноември

Музејскиот комплекс „Лувр Абу Даби“ се отвора во ноември

Десет години по започнувањето на проектот, музејот „Лувр Абу Даби“ ќе ги отвори своите врати на 11 ноември, соопшти француската министерка за култура Франсоаз Нисен, пренесува дописникот на МИА.лувр-абу-даби-2

– Франција е горда што придонесува за овој музеј заедно со Обединетите Арапски Емирати, изјави Нисен на прес-конференцијата во Абу Даби.лувр-абу-даби-5

Таа додаде дека овој музеј е „заеднички одговор” на Париз и Абу Даби во време кога „културата е нападната”.

Жан-Лук Мартинез, претседателот на Лувр во Париз, од своја страна го истакна абу даби музеј„универзалниот лик” на музејот „Лувр Абу Даби“, прв од ваков вид во арапскиот свет.

Тој ја пофали „соработката без преседан меѓу двете земји”.

Во меѓувреме, министерот за култура на Емиратите, Шеикот Нахјан бин Мубарак ал Нахијан, ја истакна гордоста на неговата земја што е домаќин на универзален музеј.

– Како што е Лувр круната на Париз, „Лувр Абу Даби“ е предодреден да има такво значење, нагласи Ал Нахијан.

Проектот треба да трае 30 години и предвидува Франција да даде експертиза, да позајми уметнички дела, а ќе организира и привремени изложби во вредност од една милијарда евра кои што треба да ги покрие Владата на Обединетите Арапски Емирати.

Од оваа сума, само концесијата за името на Лувр до 2.037 година на парискиот музеј ќе му донесе приход од 400 милиони евра.

Галеријата е сместена на речиси пустиот остров Садијат во близина на Абу Даби а во текот на изградбата проектот се соочи со многу проблеми, финансиски пречки и критики за условите во кои што работеле работниците.лувр-абу-даби-1

Потпорниот плафон тежок 7.500 тони (има иста тежина како и Ајфеловата кула) го дизајнираше прославениот француски архитект Жан Нувел а се состои од осум геометриски форми градени во арапски стил.

Замислен е како патувачка купола која што ја осликуваат различни светлини и сенки.

Музејот „Лувр Абу Даби“ се наоѓа на надморска висина од 40 метри, а куполата е на 36 метри над површината на земјата.

Испрати коментар

Scroll To Top