Насловна / Архитектура / Може ли 3Д печатењето да го замени армираниот бетон!?

Може ли 3Д печатењето да го замени армираниот бетон!?

Архитектурата во голема мерка навлегува во 3Д печатењето преку производство на градежни елементи и конструктивни компоненти. Неодамнешните истражувања почнаа да се занимааваат со испитување на сеизмички отпорни структури. Калифорнијската архитектонска компанија Emerging Objects развива нов дизајн Quake Column (земјотресен столб), кој се потпира на техниката на градење на древната цивилизација на Инките, позната како „ашлар“ и ја спојува со модерната технологија.сто_3

Ашлар е традиционална техника на Инките за сува градба на камени ѕидови. Поменатата техника користи камени блокови исечени на начин да можат да се вклопуваат цврсто, без употреба на малтер. Отсутноста на резонантни фреквенции и точки на концентрации на напон ја прават оваа структура уште поотпорна на земјотреси. За време на земјотрес, камените ѕидови изградени со оваа техника само малку би се поместувале, а потоа стабилизирале без никакви оштетувања. Заоблените агли и наклонот од три до пет степени допринесува за нивната стабилност.сто_1

Земјотресниот столб е направен со користење на слична техника – соседните блокови се вклопуваат и совршено поврзуваат, но за разлика од верзијата на древните Инки, чии камења биле тешки и по неколку тони, неговите 3Д печатени блокови се лесни и шупливи. Направена е и нумерација која на градителите им овозможува да ги знаат и прецизно планираат поставувањето на секоја компонента, додека во секој блок има вградени рачки кои овозможуваат лесно подигнување на блоковите.сто_2

Архитектот Роналд Раел од компанијата Quake Column неодамна изјави:„Иако ова беше експеримент на поврзување, ние сме во состојба да создадеме 3Д печатени делови кои се многу посилни од армираниот бетон. Исто така, ние работиме на зголемување на способноста на затегање на нашите материјали користејќи појачани влакна“

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top