Насловна / Архитектура / Мост во Шведска кој ќе ја претвори реката во јавен амфитеатар

Мост во Шведска кој ќе ја претвори реката во јавен амфитеатар

Малиот град во северниот дел на Шведска, Каликс, планира изградба на нов мост во локалната река во 2019 година. Како дел од процесот, Националната администрација за сообраќај ја избрала компанијата Erik Andersson Architects да го разработи концептот кој ќе овозможи не само исполнување на основните функции на мостот, туку додавање на нови елементи кои ќе го претворат мостот во интересен јавен простор односно собиралиште за граѓаните. Предлог решението нуди интересен хибриден концепт во кој горната површина мостот е резервирана за автомобилите и велосипедистите, додека страничните делови се изведени со патеки за пешаци. Постепениот премин на овие површини до самата река нуди широчина и создава еден јавен простор кој го поврзува градот со реката.

Kalix 3

Kalix 2

Испрати коментар

Scroll To Top