Насловна / Вести / Мост инспириран од олимписките кругови

Мост инспириран од олимписките кругови

Во чест на Зимските олимписки игри, што ќе се одржат во Пекинг, се планира да се изгради мост во форма на олимписките кругови.

Архитектонската фирма „Пенда“ го дизајнира мостот „Сан Шан“, кој ќе ги поврзува Пекинг и Џангџакоу, град во кој ќе се одржи најголемиот број на натпревари во текот на Зимските олимписки игри во 2022 година. Поради претстојните игри, овој град брзо се развива. Никнуваат бројни рекреативни центри, а круната на овие архитектонски настани ќе биде овој невообичаен мост.мост олимписки кругови_4

Мостот „Сан Шан“ ќе биде долг 453 метри и ќе има челична потпора во форма на лак на растојание од најмногу 95 метри.

Планот е овој простор, воден од знаењето и идеите на меѓународно признати архитекти, да стане јазол на градот, кој ќе биде во можност да понуди организирање на различни настани, пишува ArchDaily.мост олимписки кругови_2

Новиот мост има за цел ефикасно да се поврзат посетителите за време на Олимписките игри на сите клучни локации, но, исто така, да стане и значаен дел од еден поголем мастер план на Пекинг кој во голема мера ќе им користи на сите негови жители.мост олимписки кругови_3

Структурата на мостот е дизајнирана така што користи пет пати помалку челик од конвенционалните мостовски конструкции.мост олимписки кругови_1

Предвидено е мостот да има четири сообраќајни ленти, кои од пешачките патеки се одвоени со зеленило.160612_SanShanBridge_structure diagram мост олимписки кругови_6

Еден коментар

  1.  ╔▬↔↨♫{▀

    ova e sinusoida isprogramirana ednaska normalno vo domen od 0 do 1 i uste ednaska inverzno od -1 do 0 za da se dobie vtoriot loop. A posle toa mozda e izmisleno deka e spored olimpiski krugovi, za tie sto ne ja znaat matematikata vo pozadina 😀

Испрати коментар

Scroll To Top