Насловна / Вести / Москва – Лас Вегас – Скопје: Три приказни за зелените булевари

Москва – Лас Вегас – Скопје: Три приказни за зелените булевари

las-vegasНема град во централно градско подрачје без свој парк или барем некакво зелено шеталиште. Но булевари со сообраќај и со атрибути на парк-шеталиште се ретки, особено во големите градови. Париз со Елисејските полиња, Барселона ја има Ла Рамбла, со свои особености, но овој пат се задржувам на три приказни, различни во односот кон зелените булевари.OLYMPUS DIGITAL CAMERA Москва, Цветној булевар

- почит кон историската традиција

Во моите многубројни посети на Москва, секогаш кога ќе имав и малку време, а бев во близина, го минував движејќи се по Цветној (Цветен) булевар, да се наполнам со позитивни чувства и релаксиран продолжував. Прекрасната пешачка трансверзала околу строгиот центар на Москва, изградена во 1851 година на место на некогашно речно корито. Широк на места и стотина метри, булеварот е со централно пешачко шеталиште од неколку десетина метри, полно со релаксирачки содржини. Неколку пати возобновуван, последен пат во почетокот на 21 век. Фонтани, споменици на руски писатели, поети, уметници, научници и историски личности, многу украсно зеленило, цветни аранжмани и многу столетни дрвја, кои со сенките прават вистинска оаза во топлите и влажни московски лета.38_big

Многу народ, деца, живот. А недалеку од двете страни врви непрекинато автомобилскиот ланец. Долж булеварот многу познати обновени куќи во кои престојувале историски личности, неколку трговски центри, денес сè повеќе бизнис квартови изведени во современа архитектоника, а тука е и познатиот Московски циркус од 1880 година. moscow_tsvetnoy_boulevard_2014

По Цветној булевар во секое време се случуваат разно разни изложби, музички и детски перформанси.

Ведрост и живост на секој чекор.

las-vegas2 Лас Вегас – булевар Лас Вегас (Стрип)

- бизнис со човечка душа  

Градот на забавата и коцката, каде сè се сведува на бизнис. Некои видни луѓе сепак сфатиле дека и зелените булевари можат да бидат бизнис. Компанијата MGM Resorts Internacional, најголемиот сопственик на недвижности по булеварот Лас Вегас, уште од 2000 година имале сознанија дека приходите од многубројните коцкарници се под можните приходи од хотелите, рестораните и продавниците. Поценети стануваат клиентите што се движат по градот пешки, трошејќи со пазарење и седење по кафеаните и кафулињата.las-vegas6 las-vegas5 las-vegas4 las-vegas7 las-vegas8

Во 2012 година MGM поведува иницијатива за проект за реконструкција на општествениот простор кој ги поврзува хотелите и казината. Таа го финансира проектот за оживување на булеварот, познат како СТРИП – веројатно најпосетената улица во светот со над 40 милиони луѓе годишно. Досега се реализирани 3,7 хектари површина долж булеварот, и за првпат „Парк“ на два хектари кој ги спојува хотелите и казината MGM grand, New York-New York и Monte Karlo.las-vegas3

Реконструкцијата се состоела во изградба на нови трговски центри и ресторани во архитектура која го избегнува дотогашниот стил на псевдоисториска (шунд) архитектура и избираат апстрактни форми, материјали и тонови блиски до околната пустина Мохаве, но истовремено сочувувајќи ги постојните атракции (копија на Бруклинскиот мост на пример).222342 222331

Новите фонтани трошат 90% помалку вода од претходните, а зеленилото се состои од карактеристични пустински растенија за кои е потребно помалку полевање од драгоцената вода. Пролетва на местото на паркингот се појави „Парк“ со 250 дрвја и повеќе од 7000 растенија карактеристични за Мохаве или други пустини во светот. Карактеристичен дизајн станаа и 18 чадори направени од челик во Холандија, црвено-бели преку ден и силно осветлени ноќе. Урбаната опрема во просторот е приказна за себе. Посетителите уживаат во прошетките и седењето долж булеварот, кој претходно беше само автомобилско царство. Буџетот на проектот е 90 милиони долари. Бизнис и задоволство истовремено. Е тоа е новиот Лас Вегас.kliment-ohridski

Скопје, булевар „Климент Охридски“ (поранешен булевар ЈНА)

- без зборови

Некогаш, не така одамна, беше единствен булевар со средишно зеленило – мини парк. По булеварот имаше луѓе, можеа да се прошетаат и да се одморат под сенките на десетлетните стабла. Кон крајот на минатиот век се направија убави проекти за оплеменување на шеталиштето, со нови украсни содржини, урбана опрема, мали фонтани, чешми. Визуелно поврзување на зелените падини на Водно со постојното зеленило – до кејот на Вардар, како и дооформување на околните културни содржини долж булеварот – нов театар, книжарници, кафулиња и ресторани…

kliment

Требаше тоа да биде мал цветен булевар во современо руво, во централното подрачје на градот. А сообраќајните проблеми можеа и требаше да бидат решени квалитетно и без проширување на асфалтниот дел на булеварот. Но наместо тоа, пет-шеснаесет години потоа се случи катастрофа. Победи автомобилот, шеталиштето-парк по средината на булеварот се уништи. Булеварот сега е пуст – без луѓе. Кафулињата и рестораните ги нема, театарот сè уште е само проект. Добивме само широка, пеколна асфалтна писта. На чие задоволство…

Три приказни. Три различни решенија. Во три различни света.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top