Насловна / Архитектура / Модерна вила во Ибица изградена на стари темели

Модерна вила во Ибица изградена на стари темели

Оваа модерно опремена вила е изградена врз темелите на стара куќа во популарната туристичка дестинација Ибица.

Архитектот Pascal Cheikh-Djavadi од Париз, доби задача на старите темели на една куќа во Ибица да изгради нова вила во согласност со трендовите.ибица вила (1)

Во рамките на поранешната градба изградена е луксузна куќа со минималистички дизајн.

Нејзиниот моќен модуларен склоп е елегантно поставен во живописно опкружување.ибица вила (3)

Парискиот архитект вешто ги спои контрастот на руралната средина на централниот дел од островот со минималистичката елеганција на остри геометриски форми, пишува Designboom.ибица вила (8) ибица вила (7)

Дизајнот е изграден со користење на карактеристичните елементи за архитектурата на Ибица. Како постојните објекти, и оваа вила е со правоаголна структура и со селективно користење на отвори, коишто обезбедуваат подолги временски периоди на ладовина во внатрешноста на објектот.ибица вила (6) ибица вила (5)

Дневната соба, во која доминираат белата површина на ѕидовите и полиран бетон, разиграна е со интересни парчиња мебел во неутрална палета на бои.ибица вила (4) ибица вила (2)

Спалните соби имаат издолжена форма која овозможува речиси постојана ладовина, а тука се и големите стаклени површини низ кои може да се види прекрасната природа на островот.

Испрати коментар

Scroll To Top