Насловна / Вести / Модерна куќа која функционира и како изложбен простор

Модерна куќа која функционира и како изложбен простор

Шпанското архитектонско студио 05 AM Arquitectura, во својата работа се обидува да ги следи актуелните трендови, но, исто така, и да постави некои нови. Нивните проекти лесно се  препознаваат по т.н. чисти линии и минималистички дизајн, што е карактеристика на модерен тип резиденции.kukja_3

Она што ги издвојува од другите е сигурно и присуството на силни бои во дизајнот на ентериерот, кои се противат на белите, сивите и беж тонови кои доминираат.

Таков е проектот и на нивната последна станбена резиденција на која работеле. Иако на прв поглед може да изгледа дека ова е уште една модерна уредена куќа за семејството, ова живеалиште е од почетокот замислено како еден вид хибрид на приватен и деловен простор.kukja_1

Со други зборови, сопствениците сакале да добијат дом, кој повремено ќе биде во можност да служи и како изложбен уметнички простор каде што можат да се видат различни дела. Архитектите направиле одделни катови за две простории со различни цели, па така приземјето е направено како минималистички галерија, а горниот кат, како станбен објект во кој се живее. Една од главните одредници на објектот се голите бетонски ѕидови, како и многуте бои кои се наоѓаат во деталите, како што се слики или понекое парче мебел.kukja_4 kukja_2 kukja_5 kukja_6 kukja_7 kukja_8

Испрати коментар

Scroll To Top