Насловна / Арт и дизајн / Минималистички ресторан во Минск со пријатна атмосфера

Минималистички ресторан во Минск со пријатна атмосфера

Ресторан Simple се наоѓа во главниот град на Белорусија, а дел од угостителската понуда на Минск стана минатата година. Првобитната состојба на објектот веднаш го истакна својот  потенцијал, а тоа е големата површина на отворен простор и големите прозорци. Просторот е исполнет со елементи на ентериер, од кои повеќето се специјално правени за да совршено се вклопат во концептот на дизајнот на ентериерот. минск (2)

Сивкастиот ентериер сегментно е акцентиран со елементи во бакар.
Архитектот идејата ја спроведувал со користење на специјално дизајниран систем за осветлување, маси изработени од различни видови на дрво, како и мноштво на перници кои софите ги прават поудобни и топло визуелни.минск (1)

Секако дека еден од поинтересните елементи се издолжените бакарни радијатори, кои во исто време претставуваат ефективна ѕидна декорација.минск (3)
Прилично сведениот ентериер е исполнет со голем број растенија и обработено дрво што му даваат на просторот пријатна атмосфера.минск (4)
Иако е користена потемна палета на бои и мебел со сведени форми, постојат и назнаки на индустриски стил кој се рефлектира во видот на осветлување сегментно изложените инсталации во таванот на ресторанот.минск (5)
Ресторанот има 326 квадратни метри.минск (6) минск (7) минск (8) минск (9) минск (10) минск (12) минск (11)

Испрати коментар

Scroll To Top