Насловна / Ентериери / Минималистичка спална соба со светол амбиент

Минималистичка спална соба со светол амбиент

Спалните соби претставуваат еден од најважните простори во еден дом. Просторот во кој се опуштаме, одмораме и релаксираме секогаш мора да ни дава огромна доза на комодитет. Токму заради ова, дизајнерите даваат голема важност на овие простории.

1-spalna-soba

Оваа спална соба се одликува со минималистички дизајн, и не е оптоварена со дополнителни елементи и парчиња мебел.

2-spalna-soba

Главниот акцент е ставен на креветот, кој исто така е многу едноставен и бел, а покрај него се поставени две ламби од двете страни. Единствените детали во оваа соба се малата полица со украси, како и уметничката слика над креветот што ѝ дава живост на собата.
3-spalna-soba

Од оваа соба се влегува во друга просторија каде е сместен гардероберот, па така овој простор нема потреба да се оптоварува дополнително.

4-spalna-soba

Испрати коментар

Scroll To Top